Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Драма во Германија: 14- годишно момче застрела во глава 12- годишен пријател

17 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Момчето било пренесено во неделата вечерта во болница во Штутгарт со спасувачки хеликоптер.

„Сè уште не е позната неговата состојба. Чекаме информации од докторот“, рекол роднината на момчето.

Полицијата набрзо потврдила дека не станува збор ниту за обид за самоубиство, ниту за несреќа.

Портпаролот на јавното обвинителство во Ротвеил, каде што се случила несреќата, Робин Шреј, рече дека го истражуваат случајот како обид за убиство.

Момчето живеело со семејството во мирниот град Ирслинген, населба со околу 900 жители.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ