Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Брод со експлозивен товар испловил од Русија и стигна во британски води: Истиот го разнесе Бејр

26 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На бродот „Руби“, кој го придружува шлеперот, не му бил дозволен пристап до пристаништата во неколку земји, токму поради товарот што го превезувал.

Сопственик на бродот е малтешката компанија Ruby Enterprise, а бродот во јули испловил од северното руско пристаниште Кандалакша, со 20.000 тони амониум нитрат.

Крајбрежната стража е во контакт со бродот, кој, според податоците од морскиот сообраќај, во утрово се наоѓал во Северното Море, во близина на брегот на Кент.

Националната поморска служба за итни случаи соопшти дека ќе го следи напредокот на бродот додека се движи кон и низ водите на Британија.

Иако нема индикации дека постои опасност за товарот, токму овие хемикалии ја предизвикаа страшната експлозија во Бејрут во 2020 година.

Амониум нитратот редовно се транспортира низ светот и се користи како ѓубриво, но се користи и за експлозиви.

Бродот носи седум пати поголема количина на амониум нитрат што ја предизвика страшната експлозија во Бејрут.

Набргу по заминувањето од Русија, „Руби“ на кратко се насукал, наводно откако наишле на бура.

Потоа го продолжил патувањето околу полуостровот Кола и стигнал до норвешкото пристаниште Тромсо.

Норвешката поморска управа изјави за Би-Би-Си дека бродот бил прегледан од групата ДНВ за да се осигура дека бродот ги исполнува безбедносните и еколошките стандарди.

Групата нашла оштетување на трупот, пропелерот и кормилото, но Руби сепак се сметал за „пловен“.

Како мерка на претпазливост, групата DNV и регистарот за знаме на Малта инсистираа шлепер да го придружува бродот до крајот на неговото патување.

И покрај тоа, властите во Шведска и Литванија наводно му забраниле на бродот да влезе во нивните води.

Во последните недели „Руби“ патува на југ по норвешкиот брег и низ Северното Море.

Бродот наводно имал ограничено маневрирање, иако Би-Би-Си не можеле да го потврди тоа.

На 25 септември се закотвил на околу 25 километри северо-источно од Маргејт, Кент, во близина на Доверскиот теснец - еден од најпрометните водни патишта во светот.

Неговата моментална дестинација е наведена како Марсаклок, Малта.

Но, властите на Малта изјавија за локалните медиуми дека бродот може да влезе во земјата само ако прво го истовари својот товар.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ