Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Борел по средбите во Вашингтон: Војната во Украина ќе биде решена оваа пролет или лето

14 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поради сомневањата за континуираната американска воена помош за Киев, Борел им рече на новинарите дека неговата порака до американските пратеници е: „Што и да се направи, мора да се направи брзо“.

„Тоа е вистина за нас. Мораме да забрзаме. Мораме да ја зголемиме нашата помош, мораме да направиме повеќе и побрзо. Затоа ги зголемуваме нашите одбранбени способности. А тоа важи и за САД“, рече Борел за европските помош за украинската војна.

„Следниот месец ќе биде одлучувачки. Многу аналитичари очекуваат голема руска офанзива ова лето, а Украина не може да ги чека резултатите од следните американски избори“, додаде тој.

Демократскиот претседател Џо Бајден го поддржа испраќањето воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година, додека неговиот главен републикански противник, Доналд Трамп, прибегна кон политика на изолационизам.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, сојузник на Трамп, досега одбиваше да повика на гласање за легислатива што ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителни 60 милијарди долари.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ