Во тајванскиот парламент – тепачка. Тамошната опозиција, која го има мнозинството во парламентот, но не и во владата, се обиде да ги спречи членовите на владејачката партија да влезат во салата фрлајќи столови на вратата. Имаше и корнење микрофони, полевање со вода, туркање…
Опозицијата бара построг закон за отповикување на избрани функционери и промени во Уставниот суд.
Владејачката партија смета дека измените би можеле да влијаат на уставниот интегритет и дека на судиите би им било потешко да ги доведуваат во прашање законските измени.