Исландската претседателка денеска ја претстави новата влада предводена од лидерката на Социјалдемократската партија, Криструн Фроштадотир, која сака да ја намали инфлацијата и каматните стапки и да одржи референдум за членство во Европската унија до 2027 година.
Левичарскиот Социјалдемократски сојуз, предводен од Фроштадотир, освои најголем број гласови на предвремените избори на 30 ноември, а во нејзината коалициска влада ќе бидат вклучени и центристичката Народна партија и левичарската, проевропска реформска партија, јавува РУВ телевизија.
Ќе биде првпат на Исланд лидерите на сите владејачки партии да бидат жени, а првпат земјата истовремено да има и претседателка, независната Хала Томасдотир, додава РУВ.
Водачот на Реформската партија Торгердур, Катрин Гунарсдотир ќе биде министер за надворешни работи, додаде телевизијата.
Во директниот пренос на РУВ беше прикажано како лидерите на трите партии од коалициската влада се прегрнаа по потпишувањето на коалицискиот договор.
Фростадотир (36) ќе биде најмладиот премиерка во историјата на Исланд, објави РУВ.
Новата коалиција ќе ја замени владата предводена од конзервативната Партија на независноста на Бјани Бенедиктсон, како и левичарското Движење на зелените и централно-десничарската Прогресивна партија.