Кирби рече дека најавата за новата помош се очекува откако Вашингтон минатата недела најави испраќање на воена и буџетска помош од 5,9 милијарди американски долари за Украина, како и дека состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина ќе се одржи во Германија на 9 јануари.
„Можете да очекувате и најава за нова безбедносна помош за Украина... во наредните денови“, рече Кирби, без да наведе повеќе детали.