Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Бајден најави нов пакет воена помош за Украина: Ова ќе ви помогне да победите

26 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Помошта вклучува прецизно наведувани бомби со дострел до 130 километри, познати како Joint Standoff Weapon (JSW), кои се фрлаат од борбени авиони, муниција, оружје, борбени дронови и материјал потребен за производство на муниција во самата Украина.

За САД, рече Бајден, Украина е врвен приоритет. „Затоа денеска најавувам зголемување на помошта за Украина и серија дополнителни мерки кои ќе ѝ помогнат да победи во таа војна“, рече Бајден.

Најголем дел од сумата, 5,5 милијарди долари, ќе биде доделена до понеделник, пред крајот на федералната фискална година. Во оваа вредност, оружјето за Украина ќе биде повлечено од американските воени залихи, а 2,4 милијарди долари ќе бидат доделени во рамките на Иницијативата за безбедносна помош на Украина. Тие пари ќе се користат за купување оружје за Украина наместо да се повлечат од залихите на американската војска.

Бајден, исто така, му нареди на Пентагон да ја засили обуката на украинските пилоти за Ф-16, вклучувајќи обука на 18 украински пилоти следната година.

Зеленски им се заблагодари на Бајден и на Конгресот за новиот пакет воена помош и рече дека Украина ќе го користи на „најефективен и транспарентен начин“.

„Благодарен сум на САД што пружија помош која е најклучна за заштита на нашиот народ“, напиша Зеленски на „Х“, споменувајќи ги „Патриотите“, беспилотните летала и ракетите со долг дострел.

Бајден најави и состанок на Контакт групата за одбрана на Украина следниот месец во Германија за да ги координира напорите на повеќе од 50 земји кои ја поддржуваат Украина.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ