Сирискиот диктатор Башар ал Асад наводно е отруен во Русија и во неделата му се слошило!
Според Телеграм каналот Генерал СВР, кој наводно го води една од поранешните највисоки руски разузнавачки агенции, Асад почнал да се чувствува лошо во неделата, велејќи дека има тешкотии со дишењето. Како што е познато, поранешниот сириски диктатор повикал лекарска помош, по што наводно неговата здравствена состојба дополнително се влошила.
„Речиси веднаш по повикот за медицинска помош, тој почна силно да кашла и да се гуши“, напишал Генерал СВР.
„На Асад му беше дадена вода, што малку го ублажи нападот, но нормалното дишење сè уште не е воспоставено, а како нови симптоми се појавија главоболка и стомачни болки. До доаѓањето на медицинскиот тим, состојбата на поранешниот сириски претседател се влоши“, се наведува понатаму. Изворите не се наведени, ниту пак има потврда од Русија.
Наводно, претставниците на Кремљ веднаш биле информирани за ситуацијата и била издадена наредба Асад да се лекува дома, а не во која било медицинска установа, но, според Генерал СВР, до понеделник неговата здравствена состојба била стабилна и наводно се чувствувал подобро.
Сепак, крвните тестови земени од Асад наводно покажале „траги од изложеност на отровна супстанција во неговото тело“.
„Како што е наведено во извештајот испратен до помошникот на рускиот претседател Николај Патрушев, истрагата е во тек, но се уште не е можно да се утврди како Башар ал Асад бил изложен на отровот“, пренесува Генерал СВР.
Извор на Сан вели дека постојат сите причини да се верува дека е направен обид за атентат.
Асад и неговото семејство побегнаа во Русија и наводно се во Москва откако бунтовниците ја презедоа контролата над Сирија. Кремљ тогаш нагласи дека Путин лично ја донел одлуката за евакуација на Асад.