Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Антонија (19) била убиена во мафијашка заседа во клуб на плажа, целта бил нејзиниот пријател

23 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според истражителите, цел на убиецот бил пријателот на Антонија, Еугенио Палермити (20), кој се стремел да биде шеф на кланот Палермити. Во престрелката тој е повреден заедно со уште три лица, јавуваат медиумите.

За време на заседата, убиецот наводно го грабнал пиштолот што го имал со себе и испукал седум куршуми. Еден од нив ја погодил Лопез во рамото, ѝ ја пресекол аортата и загинала за неколку минути.

Антонија била внука на Иван Лопез, кој беше убиен во Бари во септември 2021 година.

Злосторството, според обвинителството, го извршиле лица кои дејствувале во име на мафијашкиот клан Капријати од Бари Векија и кланот Паризи-Палермити од областа Јапигија, кој е во конфликт со кланот Стришуљо кој владее во областите Сан Паоло и Сан Џироламо.

"Тоа беше момент. Беше 2:45, кон крајот на вечерта, кога овие момци пристигнаа во мојот клуб, се случи трагедија. Вакво нешто никогаш не се случило во мојот клуб", изјави сопственикот на клубот Никола Спадавекио.

Тој додаде дека интервенирало обезбедувањето, но за девојката било доцна.

По пукањето клубот бил опколен и истрагата продолжува.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ