Стадионот на Барселона „Камп Ноу“ забрзано се гради, но
деновиве темата не е тоа, туку неговите работници. Односно оние кои се појдени
од Балканот да работат.
Неверојатни сцени ни доаѓаат од Каталонија, од градилиштето
на новиот Камп Ноу.
Среде работа се степаа работници, Романци и Албанци. Според
шпанските медиуми, во оваа приказна биле повредени шест лица – четворица
Албанци и двајца Романци, пренесоа <a href="https://tribuna.com/en/news/fcbarcelona-2024-10-11-20-camp-nou-workers-from-albania-and-romania-allegedly-fight-at-construction-site-6-injur/">медиумите</a>
Не е познато кој бил поттикот за масовната и долготрајна
тепачка на работното место.
За потсетување, големото реновирање на Камп Ноу започна во
летото 2023 година и треба да заврши во летото 2026 година.