Папата Франциск
денеска по велигденската миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан изјави дека е
неопходно „да се запрат ветровите над Европа и Медитеранот“, и додаде дека
мирот никогаш не се гради со оружје, туку со „потегнување раце и отворање на срцата

Колку страдања
гледаме во очите на децата. Децата во тие воени земји заборавија да се
насмевнат. Не гледаат и прашуваат: Зошто? Зошто толку многу смртни случаи?
Зошто толку многу уништување? Војната е секогаш апсурд и пораз“, рече Папата во
велигденската порака и благослов „Урби ет Орби“, пренесува АНСА.
Папата истакна
дека актуелните конфликти во светот имаат сериозни последици врз, како што
рече, исцрпеното цивилно население, а пред се врз децата. Додека повикувам на
почитување на принципите на меѓународното право, се надевам на општа размена на
сите затвореници меѓу Русија и Украина: сите за сите. Освен тоа, уште еднаш
апелирам за гарантиран пристап до хуманитарната помош во Газа, ослободување на
заложниците киднапирани на 7 октомври, како и итен прекин на огнот во Газа“,
рече папата.
Папата водеше
велигденско бдение кое траеше повеќе од два часа во базиликата Свети Петар во
Ватикан.
Неговиот глас на
моменти звучеше рапаво и без здив, но ги читаше сите подготвени текстови,
вклучително и проповедта долга повеќе од една страница, и се насмевна и мавташе
кон толпата додека заминуваше во својата инвалидска количка.
Вечерната миса
започна во речиси целосен мрак пред светлата да се вклучат, означувајќи го
преминот од темнина во светлина кога, како што е наведено во Библијата, Исус
Христос воскреснал од мртвите.
На мисата
присуствуваа околу 6.000 верници.
Во својата
проповед папата Франциско ги повика христијаните да ја зачуваат својата вера
дури и кога се оптоварени со тага, страв или други неволји.