Археолошки локалитет пронајден е во Охрид Волино.Во моментов
местото кое е приватен имот е целосно затворен и видни археолози од земјава се
на терен, пишува Охрид 1.
Извори за Охрид 1 кажуваат дека е пронајдена златна маска,
златници и ред други значајни пронајдоци.Археолозите се сомневаат дека кога ќе
се истражи целиот потег ќе се пронајдат многу значајни предмети и се сомневаат
дека има „Цел град“ под земјата.
Златни маски во
Македонија се пронаѓаат со години. На банкнотата од 500 денари е прикажана
златна маска која важи за еден од најзначајните артефакти од минатото на нашата
нација.
Таа е дел од сет
од пет маски откриени во Требенишката некропола, кои се поврзани со античката
македонска династија и племето Енгелани, подоцна познато како Десерати. Овие
маски ја одразуваат нивната богата уметност, техничка вештина и религиозна
култура.
Вакви обичаи со
покривање на лицето и дланките на покојникот со златни орнаменти се
практикувале и во многу други цивилизации во светот, како Египет, Микена, и
други култури во Европа, Централна и Јужна Америка. Се претпоставува дека
ваквите златни апликации биле изработувани од локални занаетчии.
Златната маска на
банкнотите од 500 денари била пронајдена во 1932 година од страна на професорот
Никола Вулиќ за време на втората истражувачка кампања во некрополата.
Погребната маска е изработена од златна фолија со техника на чекан и е украсена
со таканаречените осмици, кои се меѓу најпрепознатливите украси од тој предел.
Повеќе од два и
пол милениуми, во гробницата, под слоеви земја се криеле многу предмети, кои
сега сведочат за моќта, богатството и традициите на великаните на Требеник, кои
го населувале северниот брег на Охридското езеро во VI и V век п.н.е. или
таканаречениот архајски период.
Од петте маски
кои се пронајдени на македонската територија, две се изложени во музеј во
Софија, две во музеј во Белград (вклучувајќи ја и онаа прикажана на нашата
банкнота од 500 денари), а една е изложена во златната соба во Музејот и
Заводот во Охрид. На археолошките локалитети се пронајдени и други фрагменти,
кои укажуваат на постоење и на други вакви златни маски.