УХМР информира дека под влијание на влажен бран, утре во
попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските
места и снег на планините.
Во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне врнежите
ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2).
Според УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса со
засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои
од пониските места.
На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала
снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места.
Во Скопје утре во вечерните часови ќе има повремени врнежи
до дожд, а во текот на ноќта и во сабота претпладне во повисоките делови од
котлината врнежите ќе преминат во снег.
Во сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.