За првите месеци од неговото раководење со Владата, за тоа
што е сработено и за што премиерот Христијан Мицкоски го смета за најголем
успех изминативе повеќе од шест месеци.
Вели имало многу мали ситни успеси, коишто навидум можеби не
влегуваат во оптиката на граѓаните, но генерално кога би ја заокружил работата
на Владата во овој период, како најголемиот успех го истакна стабилизирањето на
состојбата и постепеното доближување кон кота нула, која што очекува да се случи
напролет околу март/април.
-Не би можела Македонија да се развива онака како што ние
сакаме ако не ја стабилизиравме состојбата. И тоа по мене беше нешто кое што
беше најголем предизвик, бидејќи да не бидам јас субјективен и да давам оценки,
судот на јавноста беше таков каков што беше дека буквално седум години
уназадувавме, буквално седум години бевме во сигурен, но стабилен слободен пад.
На 8 мај на изборите и претседателски и парламентарни гласно зборуваа граѓаните
и таа нивна гласност беше резултат на тие погрешни политики коишто беа водени.
Така што, тоа беше еден од клучните предизвици. Не сакам тука да споменувам
дека владината сметка, тој 24 јуни пред нешто повеќе од шест месеци беше околу
12 милијарди денари во минус за да денеска сме неколку милијади денари во плус
што значи тој долг сме го вратиле, работиме на создавање на нова вредност.
Потоа, предизвик беше ребалансот, НАТО самитот во Вашингтон, борбата што ја
водевме надвор од земјава, борбата што ја водевме во Берлин, Брисел, Вашингтон,
Лондон. Секаде буквално каде што одевме да ги вратиме позициите оние коишто
претходно беа распродадени или загубени. Борбата дома? Борбата дома беше многу
динамична во делот на обезбедување ликвидност во буџетот, средства во
економијата да можеме да ги зголемиме пензиите, да можеме да сметаме на
зголемување на платите на здравствените работници, на образовните работници,
субвенциите коишто доцнеа за пензионерите. За првпат е исплатен К-15 на повеќе
од 83 илјади административци итн, посочува Мицкоски, во интервју за МИА.