Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска рече дека
испукувањето на куршумот кон 14 годишната Вања Ѓорчевска било близина околу
50-60 сантиметри. Убиецот се наоѓал позади жртвата од десна страна, јавува
репортерот на ТВ21 од Кривичниот суд.
„Остатоците на кал на патиките на Вања потврдуваат дека таа
се движела низ кал и влажна површина“, рече обвинителката презентирајќи докази.
Слично бил убиен и Панче Жежовски кој починал поради
огнострелна повреда на мозокот.
Обвинителката рече дека со обдукцијата е потврдено дека Вања
била жива кога била убиена, односно не била претходно задушена.
Со забелешка тука се јави Љупчо Палевски – Палчо кој рече
дека имало и церада во која бил завиткан Панче Жежовски и дека на истата не се
пронајдени папиларни линии ниту биолошки материјал од Љупчо Палевски.
Во судница ќе бидат презентирани над 197 докази, а претходно
беа сослушани 26 сведоци. Има над 10 илјади принт скринови од комуникација
преку мобилни телефони.