Министерот за
надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, во
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, одржа работен
појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, вклучително и со
амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас. Средбата беше дел од редовната
пракса за размена на мислења со амбасадорите, со цел информирање за напредокот
на реформите и размена на ставови за актуелните прашања во процесот на евроинтеграција
на земјата.
Неславниот
јубилеј од 20 години кандидатски статус на Македонија, е поводот министерот за
надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешниот работен
појадок со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија акредитирани во
земјава, да порача дека „ крајно време е да продолжиме по европскиот пат“.
Според Муцунски,
време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се
постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на
европската приказна во регионот и пошироко.
„Сите сме целосно
свесни за сложените геополитички предизвици со кои се соочува Европа, но и
светот. Во време на извесности европската интеграција на Западниот Балкан
претставува геотстратешка неопходност, која ќе придонесе за зајакнување на
мирот, стабилноста и безбедноста на континентот. Ние ќе продолжиме со својата
улога како конструктивен партнер, и пример во регионот, посветени на градење на
добрососедски односи и регионална соработка. Ве уверувам дека нашиот фокус како
Влада ќе биде уште посилно завртен кон спроведување на реформите во клучните
области како владеењето на правото и правосудството, посветена и неселективна
борба против коруцијата – особено онаа од висок профил, унапредување на
ефикасноста на институциите, реформата на јавната администрација и секако
зајаканување на економските капацитети на државата“, рече Муцунски.
Тој нагласи дека
ваквата посветеност ќе продолжи во однос на обврските од реформскаста агенда и
реализација на целите на Планот за раст како значаен инструмент за унапредување
на економскиот развој, меѓусебната соработка и приближување на државата и целиот
регион кон ЕУ.
Сепак, подвлече
министерот Муцунски, процесот на пристапување кон ЕУ треба да остане
кредибилен, заснован на заслуги и да обезбеди предвидливост. Напредокот кој го
постигнуваме, додаде, мора да биде препознатлив, а поддршката од земјите членки
е клучна во одржување на довербата во европската перспектива.
„Оваа 2025 година
одбележуваме, за жал, еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на
кандидатскиот статус. Точно две децении во кои донесовме серија на крупни
одлуки во која направивме болни компромиси во името на остварување на
генерацискиот стремеж за членство во ЕУ. Крајно време е да продолжиме по
европскиот пат. Подготвени сме за дијалог во добра волја, и изнаоѓање на
рационални решенија. Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како
понатаму ќе се постапува со нашиот пример, како своевиден лакмус за
кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко. Притоа патот
напред не води преку константа билатерализација на пристапниот процес и
условување со прашања кои имаат малку заедничко со сржта на европската идеја и
нејзините вредности. Напротив потребна е геополитичка одговорност и одлуки кои
ќе зближуваат наместо да нè делат, кои ќе градат мостови цврсто втемелени врз
сето она што го споделуваме и сето она што нè поврзува“, рече Муцунски.
Тој очекува и
конечен почеток на пристапните преговори и отворање на поглавјата оваа година.
„Се надевам и
очекувам дека во 2025 година ќе направиме крупни чекори кон натамошно
усогласување со европските стандаради и конечен почеток на процесот на
преговори преку отворање на првите преговарачки области и поглавја. Заедно со
вас, преку редовен дијалог и партнерство, убеден сум дека можеме да ги
оствариме овие амбициозни цели“, рече Муцунски изразувајќи очекување за успешна
соработка во претстојната година.
Амбасадорот на
Европската унија, Михалис Рокас, во своето обраќање говореше за важноста од
владеење на правото и спроведување на реформите, за што голем придонес ќе даде
реформската агенда. Притоа, тој ја нагласи континуираната поддршка од Унијата
во делот на реформите, но и важноста од забрзување на интеграцијата, што според
него ќе биде во фокусот на агендата на Унијата во следниот период.
Во вчерашно
интервју, Муцунски истакна дека гледа позитивни тонови во реториката во Брисел,
која „покрај исполнувањето на условот за уставни измени, вклучува и дијалог и
изнаоѓање рационални решенија“, што, според него, го постигнала токму владата
во Скопје.
„Нема сила што
може да ме убеди дека Софија не може да се убеди. ЕУ, заедно со нас, мора да
разговара со Софија. Таа прави историска грешка и голем дел од народот во
Софија го разбира тоа. Тие прават грешка од гледна точка на економијата и
трговијата. Нема земја која ни е поважна да одиме напред кон ЕУ. Со постојаното
враќање на фактот дека мора да ја негираме нашата историја и идентитет, тие
создаваат сериозна омраза кај помладите генерации“, рече министерот за
евроинтеграциите на Македонија.