<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Премиерот
Христијан Мицкоски денеска изјави дека македонските компании зад кои стојат
големи странски корпорации со воведувањето на глобалниот корпоративен данок,
повеќе нема да плаќаат дел од данокот во странство, туку целиот износ од 15
отсто, наместо како до сега од 10 проценти, ќе го уплаќаат во Македонија.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Станува збор за
компании кои имаат приходи поголеми од 750 милиони евра во странство, поголеми
од 10 милиони евра во земјата и добивка поголема од 1 милион евра кај нас.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">- Таква една
компанија можеме да кажеме дека е Телеком, А1 Македонија, Цементарница, ЕВН
итн. Тие мора да платат 15 проценти данок. Нашиот данок во македонскиот даночен
систем овде кај нас е рамен од 10 проценти. Но дополнителни 5 проценти нема
повеќе да уплаќаат во матичните држави. Тоа не е фер. Ако профитираат од
македонските граѓани, тогаш треба тие 15 проценти да ги плаќаат тука, рече
Мицкоски.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Премиерот рече
дека усогласувањето ќе заврши до крајот на годината и дека таквиот тип на
компании веќе се известени за новиот начин на плаќање данок, за што тие немале
забелешки.</span>