Можеби не успеја да добие Нобелова награда, но признанијата за поранешниот македонски премиер, екс претседател на СДСМ и сива еминенција во сегашната гарнитура не престануваат. На голема жал на неговиот пулен Филипче, денеска дојде уште едно признание за Зоран Заев, премиер кој успеа „да падне“ на финтите на пранкерите Вован и Лексус, мислејќи дека зборува со Грета и Порошенко, лик кој во поткаст истите <a href="https://kurir.mk/vesti/makedonija/video-ne-dobi-nobelova-filipche-go-velicha-a-prankerite-go-proglasija-zaev-za-najglupav-od-site-politichari/">го прогласија</a> за најглупавиот политичар кого успејале да го навлечат.
Имено, пранкерите Вован (Владимир Кузњецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) го нарекоа херојот на нивните шеги, и му дадоа титула за најступиден политичар кого досега го наместиле.
Тие додека беа дел од<span> </span><a href="https://eadaily.com/en/news/2024/12/02/prankers-vovan-and-lexus-called-the-dumbest-politician-from-among-their-interlocutors">подкастот</a><span> </span>на блогерот и дизајнер Артеми Лебедев, кој е достапен на социјалната мрежа ВКонтакте, за најглупав „клиент“ на нивните зафрканции и местенки го прогласија токму поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев.
За потсетување според она што можеше да се слушне тие му се јавиле на Заев во име на поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Снимката од разговорот не ја објавија една година по шегата. За сето тоа време Заев редовно им испраќал фотографии од средби со други политичари преку Ватсап (WhatsApp), но и од контакти на државници од Косово.
„Ова е веројатно најглупавиот политичар со кој успеавме да комуницираме“.
Во интервју за српскиот весник „Политика“, Вован и Лексус велат дека не очекувале оти „пранкот“ со Заев ќе биде толкава сензација во Македонија. Велат дека, освен македонскиот премиер, досега не успеале да излажат некој друг функционер цела година.
Руските пранкери Вован и Лексус во 2020 година објавија разговор на Заев со „лажната активистка Грета Тунберг и нејзиниот татко“. Во разговорот кој е објавен на платформата Јутјуб, Заев и лажната Грета разговараат за затворање на аеродромите, легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, но и за мигрантите.