Српскиот медиум АЛО, <a href="https://www.alo.rs/vesti/politika/990329/smrt-drzave-u-sarenoj-revoluciji-makedonci-danas-gledaju-kako-gore-njihove-zastave-nikada-se-nisu-oporavili-od-obojene-revolucije/vest?fbclid=IwY2xjawG7ovZleHRuA2FlbQIxMAABHfcNSLXGYwL_2x8_aoTCYJj5MboSG-ICjLMJQITi_xORPRqVu4JAPB-Lvg_aem_m_rSqPLOl6RhpUjt2Ivrug&utm_source=widget4media&utm_content=article&utm_campaign=smrt-drzave-u-sarenoj-revoluciji-makedonci-danas-gledaju-kako-gore-njihove-zastave-nikada-se-nisu-oporavili-od-obojene-revolucije&ayu_origin=26&ayu_widget=34&ayu_post=2321033">со своја анализа и паралелa</a> на политичко-општествената ситуација во нашата земја и Србија. Еве го текстот во целост:
Северна Македонија порано се нарекуваше само „Македонија“. Денес, девет години откако Западот изврши обоена револуција во таа земја, Албанците ги палат северномакедонските знамиња на улиците. Земјата никогаш не се опорави од ударот што и беше нанесен.
Скопје во 2016 година. Македонија се подготвуваше за избори, но работите не одеа како што се очекуваше.
Земјата се подготвува за избори, по долги преговори меѓу власта и опозицијата. Список за учество на парламентарните избори поднесе само ВМРО-ДПМНЕ, партијата која тогаш беше на власт. Експертите веќе во тој момент најавуваа нови протести, со можни немири. Особено што на само неколку часа пред истекот на рокот за поднесување изборни листи, во Скопје дојде германски парламентарец.
Албанците си го згазија зборот. Партијата ВМРО-ДПМНЕ, тогаш под водство на Никола Груевски, и покрај договорот на четирите најголеми партии во Пржин, остана да се натпреварува со себе.
Опозицијата одлучи да ги бојкотира изборите бидејќи, како што рекоа тогаш, „сметаат дека нема услови да бидат фер и демократски“. Покрај партиите кои со недели протестираа пред државните институции, на нивниот бојкот се приклучи и најголемата албанска партија ДУИ.
Звучи познато?
-СДСМ е главната пречка за изборите, а ја водат соросовите платеници. Повлекувањето на најголемата албанска партија ДУИ од изборите покажа дека и тие се дел од сила која работи исклучиво по директива на американската амбасада. Работат надвор, моментално се за да создадат што повеќе компликации - коментираше тогаш аналитичарот Љубиша Николовски.
<b>Шарена револуција</b>
Македонија во тоа време ја потресе „шарената револуција“, која го добила името по тоа што спомениците и објектите во земјава биле обоени со разни бои.
Младите беа најбројни, гласни и „иновативни“ на протестите.
„Протестите ќе траат додека не се исполнат барањата, а едно од нив е оставка на Ѓорѓе Иванов (тогашен претседател на Македонија)“, повторуваа опозиционерите за време на протестите во Македонија.
Звучи познато?
Балони наполнети со боја што „младите“ (читај активисти на НВО и политички партии) ги фрлаа по спомениците и фасадите. Најпрво е обоена таканаречената Триумфална порта или Порта Македонија.
Поминаа речиси 10 години од обоената револуција во Македонија. Македонија повеќе не постои, денес се вика Северна Македонија. Албанскиот јазик стана втор официјален јазик во државата. Новоименуваната земја стана членка на НАТО и покрај референдумот на кој народот гласаше против.
Речиси секој ден се палат националните знамиња на улиците во Северна Македонија.
<b>Земјата никогаш не закрепна од „Шарената револуција“.</b>