Потребни се крупни промени во образованието и учениците да ги подобрат знаењата. По интернационалната студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети, резултатите од меѓународното тестирање ТИМСС, покажуваат дека во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Додека пак, во природни науки на 47 место, <a href="https://24.mk/details/slabi-rezultati-na-testiranjeto-na-uchenici-od-makedonija">пишува 24.мк</a>.
Слабите резултати на учениците го вклучија алармот, а од министерството за образование и наука посочуваат дека наставниците ќе продолжат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем.
Меѓународното ТИМСС тестирање се спроведе минатата година, по петти пат во Македонија, а се тестираа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за прв пат електронски. Во меѓународни рамки, Сингапур е на првото место и по математичка писменост и по наука.