Премиерот
Христијан Мицкоски денеска беше запрашан за неколкуте полициски рации кои
синоќа и утринава беа спроведени на територија на Македонија. Сепак, на
прес-конференција во Владата не откри многу информации.
-Јас денот го
запознав со серија состаноци и не сум имал можност да контактирам со луѓето од
МВР. Последната комуникација беше рано утринава. Имам некакви начелни
информации, но би се воздржал од било каков коментар до моментот додека не
дојде официјално соопштение од МВР.
Постои основано
сомневање за злоупотреба и сторен криминал во Државна лотарија. За деталите не
сум запознаен, рече премиерот откако доби прашања за упадот на полицијата во
домот на екс-вицепремиерот Артан Груби и екс-директорот на Лотарија, Прпарим
Бајрами.
Мицкоски говореше
и за вчерашното откривање и апсење на лица поврзани со терористичката ИСИС.
-Кажавме дека ќе
има силна и робусна борба против корупцијата и криминалот за кои што постојат
основани сомневања дека се случиле. Тој процес започна со елиминирање на
теростистичката ќелија кај нас. Сакале да ја вознемират безбедносната состојба
во државата и имале поврзаност со ќелии од регионот.
Во текот на ноќта
имаше акција и во одредени средини каде постојат сомневања дека се наоѓаат
сторители на многу кривични дела кои се случиле во минатото. Таквите сомневања
можеа да бидат контаминирани и затоа мораше да се случи полициската акција. МВР
ќе излезе со целосни информации. Сите фатални случаи ќе бидат откриени и
обелоденети, како на пример, убиства, додаде претседателот на Владата.