Вечерва во Чаир се случи пукање во кое е повредено најмалку едно лице, кое е пренесено во болница. Пукањето се случило во паркот кај стадионот.
„Денеска (02.12.2024) од ГОБ „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат официјално од МВР.
ТВ21 првично излезе со информација дека неколкумина се повредени, но за ова се чекаат дополнителни информации, како и за мотивот за пукањето.