Љупчо Коцевски како шеф на ЈО повеќе од 6 месеци имаше можност да почне да си ја работи работата за која е платен од граѓаните. А тој не мрдна со прст.6 месеци Љупчо Коцевски не отвори ниту еден случај, а обвинителите бирани во Струмица и Зајас кои чудно се разболуваат кога треба да постапуваат наместо да ги суспендира, тој ги брани, <a href="https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-mrdnat-li-so-prst-obvinitelite-birani-vo-zajas-i-strumicza/">обвини</a> Бране Петрушевски<span> </span>од ВМРО-ДПМНЕ.
- Шест месеци ЈО ја опструира правдата. Обвинителите наместо да соработуваат со институциите бараат начин како да ескивираат.
Обвинителите бирани во Струмица и Зајас, на кои им се влошува здравјето кога ќе треба да гонат криминал, се причина зошто довербата на граѓаните во правосудството е 2%.
Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО е директно одговорен за неработата на ЈО и очигледниот заштитнички однос на одредени обвинители кон криминалците дел од поранешната власт.
Го повикуваме Републичкиот јавен обвинител во најбрз можен рок да почне со постапување по закон. Граѓаните очекуваат правда, и владеење на правото, а не изговори