Полицијата утрово околу 2 часот во Тетово ги лишила од
слобода Е.З. (24) и А.О. (24), и двајцата од скопското село Грчец, кои биле
барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ
Затвор Скопје.
Како што информира МВР, Е.З. е осуден на казна затвор во
траење од пет години, а А.О. на казна затвор од три години.
– Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено-поправна
установа, се наведува во соопштението од МВР.