Вработени во
Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени
плата и К-15.
Протестот се одржува пред канцелариите на администрацијата
на Град Скопје, организиран е од Независниот синдикат во јавното претпријатие,
при Конфедерација на синдикални организации на Македонија, КСОМ.
„Чекаме да дојде,
да ни даде плата, за да ѝ купиме цвеќе за роденден. Ја чекаме да дојде да ѝ го
честитаме роденденот, ајде со среќа“, порача вработен во јавното претпријатие
„Улици и патишта“, кога започна протестот пред Град Скопје.
Поводот за
протестот е неисплатената плата за вработените во овое претпријатие, која
сеуште не им е исплатена. Вработените упатија порака до градоначалничката
Данела Арсовска, од која бараат да го одблокира претпријатието и да ги подмири
неисплатените примања.
Денеска, кога
Арсовска го слави својот роденден, еден од вработените направи и видео порака,
истакнувајќи дека очекуваат надминување на проблемите со платите и коректност
од нина страна.
Актуелната
градоначалничка Данела Арсовска е родена во Скопје на 20 декември 1979 година и
таа денеска го прославува својот 45 роденден.
Протестот вклучи
и донесување на еден од камионите на „Улици и патишта“ пред Град Скопје, што
требаше да го истакне нивното незадоволство.