Можно ли е Артан Груби незабележано да влезе и да престојува во Албанија? Според неделникот Фокус, кој се повикува на полициски извори, бизнисменот и почесен конзул на Косово во Македонија кој бил во возилото со Груби при неговиот излез од Македонија, во полиција дал исказ дека на 15-ти декември го одвезол поранешниот вицепремиер до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот. Неделникот објави и дека дел од членовите на владата и одредени институции располагале со неофицијални информации дека Груби престојува во местото Хамалај, крај Јадранско море, близу Драч.
Груби на 15-ти декември заминал од Македонија кон Косово преку граничниот премин „Блаце“, но не е познато која е крајната дестинација на неговата „приватна посета“, како што самиот ја нарече во објава на социјалните мрежи.
Додека од полициски извори се шират шпекулации за местото на неговиот наводен престој, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски завчера изјави дека не би си дозволил од позиција на министер за внатрешни работи да шпекулира во однос на одредени информации кои што кружат во јавноста.
Според Тошковски, досега ниту една соседна држава не доставила потврда до македонското МВР околу можниот престој на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
На прашањето дали во МВР или Обвинителството имало јатаци кои го предупредиле Груби да ја напушти земјата, Тошковски на ТВ Телма изјави: „Во овој момент не можам да откријам факти, бидејќи истрагата е во тек. Потребни се време и темелна анализа за да се утврдат сите детали“.
Внатрешната контрола при МВР утврдила дека полицискиот службеник ги завел Груби и неговиот сопатник дека пеш ја минале границата, дека не го евидентирал возилото во кое двајцата се превезувале и не почекал системот да јави дали има активна мерка за некој од нив на стоп-листата.
„Не знам дали Груби можел незабележано да влезе во Албанија, но ако влегол, сигурно е дека би имал каде да престојува“, ја пренесува изјавата на поранешен пратеник, кој одамна е надвор од политиката, Дојче веле.
„Во близина на Драч, и не само таму, многу граѓани од Македонија имаат имоти, особено политичари", вели тој.
„Да бидам јасен - не сакам да кажам дека тие се купени со пари од некакви криминални активности, бидејќи, не знам колку е познато за пошироката јавност, ама пред дваесетина и кусур години, на албанското крајбрежје можеа да се купат пристојни апартмани за цени далеку пониски од цената на една гарсониера, овде кај нас. Сега веќе не е така. Но тогаш, кој купил - купил, направил добра инвестиција, бидејќи тие објекти денес вредат неколкукратно повеќе. И не само во околината на Драч. И Албанци и Македонци од земјава купуваа имоти и во Валона, Саранда... Јас неколку години летував во туристички комплекс во близина на Драч и таму среќавав многу политичари - тогашни и поранешни, партиски лидери, пратеници... Повеќе ги имаше таму во исто време на едно место, отколку, на пример, што можев да ги видам на која било седница во парламентот. Велеа дека одамна си ги имаат купено апартманите. Груби и да нема таму имот, има многу кои би можеле да му дадат клуч. Тој сигурно не би престојувал во хотел после меѓународната потерница“, вели соговорникот.
Медиуми во Албанија главно ги пренесуваат шпекулациите во македонските медиуми околу адресата на која можеби се наоѓа Груби, но не постои видлива медиумска љубопитност по прашањето дали тој се наоѓа во Албанија. Сепак, според соговорникот на Дојче веле, од одредени дебати во тамошни медиуми, особено од аналитичари наклонети кон ДУИ и нејзиниот партиски врв, се стекнува впечаток дека се подгрева надеж оти по стапувањето на функција на новиот американски претседател, Доналд Трамп, некои прашања во регионот, би можеле да добијат поинаков тек.
„Работите мора да се ‘читаат‘ во поширок контекст. Новинари и уредници од Косово и Албанија, кои во јануари годинава ДУИ ги развозуваше со службено возило на Министерството за политички систем раководено од Артан Груби, а ги покани со цел да прават помпа околу изборот на Талат Џафери за прв премиер Албанец, по победата на Трамп во емисија внимателно ‘пребројуваа’ колку бизнисмени од Албанија и Косово имаат блиски контакти со Трамп лично, со негови соработници, со неговиот зет или неговите ќерки. По најавата дека Трамп ќе го назначи Ричард Гренел за негов пратеник за специјални мисии, еден од тие уредници правеше анализа дека Гренел, кој ќе го покрива и Балканот ‘ќе интервенира и во прашањето за апсењето на Хашим Тачи'. Деновиве, пак, во врска со случајот на Артан Груби излезе со став дека ‘поинакво било ставањето на црната листа на САД во времето на Бајден и на Трамп'. Што и да значи тоа, наскоро ќе се види дали во тој контекст се подгреваат надежи дека за време на новата администрација може да се смени нешто. Другото кажано е сосема јасно - со тврдењето оти ‘Груби не бил човек на Сашо Мијалков', јавно ѝ помагаат на пријателската ДУИ за полесно да го амортизира почетниот потрес во партијата и да го стопира патот кон удолница“, вели тој и не ги наведува имињата на уредниците, но според јавно објавени и пренесени изјави на овие теми, станува збор за анализи искажани во разни изданија на емисијата „Мислење“ (Opinion) на ТВ Клан Албанија, чиј водител е Бленди Февзиу, а чест гостин Берат Бужала, директор и главен и одговорен уредник на косовскиот „Национале“.
Извор: Дојче веле