Просечната плата во Србија без даноци и придонеси, односно нето плата, за октомври изнесува 98.538 динари, објави Републичкиот завод за статистика (РЗС).
Според девизниот курс од 117 динари за едно евро, таа е 842 евра и е повисока за 157 евра од просечната октомвриска нето плата во Македонија од 42.134 денари или 685 евра, ако се земе средниот курс од 61,5 денари за едно евро.
Во споредба со истиот месец минатата година, просечната нето-плата во Србија е номинално повисока за 13,6 отсто, а реално за 8,7 отсто.
Во Македонија, пак, просечната нето плата во однос на октомври лани е повисока за 8,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.