дигитални учебници по странски јазици само го потврдува тоа што го зборуваме –
поништуваат јавна набавка со банално образложение, а предвидуваат нова набавка
вредна милиони, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на
набавка од 500.000 евра на фирмата ТРИМАКС за дигитални учебници кои никој не
ги користеше, па се поставува прашањето дали сега повторно, на истата фирма и
се доделени фантастични 800.000 евра. Дополнително е скандалозно што со новата
набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални
учебници, и тоа повторно за 4 одделение, кои веќе беа опфатени со претходната
набавка.
во МОН е алармантна, на само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС
прават уште една јавна набавка, за дигитални учебници. Единствена разлика е што
овој пат јавната набавка е за дигитални учебници за кои нема наставна програма.
Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако
учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми
за дигитални верзии.
МОН молчи, прашуваме директно дали и овој тендер планираат да го поделат со
истата фирма, или дали овој пат тоа планираат да го сторат со Арс Студио,
фирмата која доби тендер за фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?
затоа промените се во твои и раце, Македонија повторно твоја!, рече Митева.