Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

канети 223 возачи за брзо возење

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 223 возачи. Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ