Не е важно кој покренал интерпелација и која била темата или
причината, важно е дали е прекршен Деловникот за работа на Собранието или не е,
рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков одговарајќи на
новинарско прашање во однос на интерпелацијата за Претседателката на Комисијата
за социјални работи и демографија на млади, Илире Даути.
Лефков посочи дека пратениците со гласање донеле одлука дека
е прекршен Деловникот и дека од тој момент претседателката повеќе нема морален
кредибилитет да ја води комисијата.
„Никој не го оспорува правото на опозициската коалиција
предводена од ДУИ да си предложи нов Претседател и сигурни сме дека коалицијата
СДС-ДУИ-Левица ќе го подржат новиот предлог, како што често пати ја
координираат опозициската активност во Собранието“, рече Лефков.