После сѐ што се
случи изминатите седум години и она „шарено лудило“ од кое почна државата да
тоне сосема е нормално расположението на граѓаните биде против власта и за
промени. Ниту еден сектор во државата не функционира, образование здравство,
стопанството, земјоделството. Се е закочено и се тоне, изјави лидерот на
Социјалистичката партија Љупчо Димовски.
Тој во интервјуто
за „Република“ вели дека луѓето имаат се помалку пари и оти инфлацијата е сѐ
повисока и парите се толку обезвреднети што нѐ потсетува на едни стари времиња
од поранешната држава кога имавме високи цени и безвредни пари.
Она што беше до
вчера сто денари како вредност сега е илјада денари, додава Димовски.
Лидерот на СПМ е
убеден дека предноста на Силјановска пред Пендаровски ќе биде крунисано со еден
голем триумф зато што, според него, таа тоа го залужува.
Наместо да имаме
претседател кој се занимава со периферни работи и лични задоволства ќе имаме
претседателка која што ќе се грижи за сите граѓани и која ќе биде во тек со
сите процеси во општеството и неизоставен фактор кога се носат сите крупни
одлуки за македонскиот народ и држава.
Димовски посочува
дека под водство на оваа власт го доведовме во прашање опстанокот на
македонскиот народ и држава.
Затоа не смее да
се однесуваме несериозно на претстојните избори и претседателски и
парламентарни.
Димовски како
поранешен министер за земјоделство вели дека не може да се прави споредба со
состојбата во земјоделството тогаш и сега.
Не може да се
прави споредба.Ништо не е останато од пред десет години кога имавме едно
современо земјоделство со високи приноси и откупни кампањи на сите земјоделски
производи. Но сето тоа падна во вода и од добро организарана аграрна земја се
претворени во држава која што е е увозно
зависна од храна.
Димовски испраќа
порака за масовност на изборите и оти граѓаните треба да бидат свесни и да ја
земат во предвид целата состојба во државата како последица од владеењето на
СДСМ.
Масовноста значи
дека гласовите на граѓаните ќе бидат поверодостојни а тоа ќе значи дека
победата на опозицијата „За обнова на Македонија“ ќе биде уште повеќе
изразена. Битно е да имаме голема бројка на освоени мандати затоа што на тој
начин ќе можеме да ја составиме Владата за побрзо време. Укажувам и на потребата
за градење на единство. Мораме да бидеме единствени во македонското национално
ткиво затоа што на тој начин единствено ќе можеме да бидеме отпорни на сите
притисоци кои доаѓаат од надвор. Како пример треба да го имаме однесувањето на
нашата пратеничка група која беше под жесток притисок, меѓутоа кога сме сите
заедно тогаш сме најмногу отпорни. Тоа треба да го пренесеме и кај македонските
граѓани, да имаме масовност и единство. Tака ќе бидме многу отпорни и ќе
учествуваме во ресетирањето, променените и во повторната изградба на нашата
држава-порачува Димовски.