<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">МВР објави
меѓународна потерница против екс вицепремиерот и функционер во ДУИ, Артан Груби
и екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Основното јавно
обвинителство Скопје вчера до Министерството за внатрешни работи издаде наредба
за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна
потерница.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„По добиено
известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои Јавното обвинителство
предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а
поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон,
донесе решенија со што го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им
определи мерка притвор од траење од 30 дена.“, соопштуваат од Кривичниот суд.</span>
АРТАН ГРУБИ татко Сакип мајка Зухра род.07.06.1977 год. во
Скопје каде и живее на ул.Струмичка бр.5/2-4,Чаир. Се бара по распишана
меѓународна потерница од ОЈО Скопје со Наредба бр.XVII KO бр.4232/24 од
17.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5
в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ на РСМ.
ПЕРПАРИМ БАЈРАМИ татко Фатмир мајка Хасибе род.10.02.1993
год. во Куманово, а живее во с.Ваксинце бб, општина Липково. Се бара по
распишана меѓународна потерница од ОЈО Скопје со Наредба бр.XVII KO бр.4232/24
од 17.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5
в.в. ст.3 в.в. ст.1 в.в. чл.22.од КЗ на РСМ.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:
MK"></span>
Перперим Бајрами и екс вицепремиерот, Артан Груби се
осомничени за сторено кривично дело, Проневера во службата. Според
обвинителството, го оштетилете буџетот на државната лотарија за сума од над 8
милиони евра преку незаконска набавка на апарати за игри на среќа. Идејата за
купување на видеомашините била на Бајрами, а таа експресно ја поддржал
вицепремиерот Груби.
„Второосомничениот, иако знаел дека барањето за конкретната
јавна набавка е противзаконско и дека „Државна лотарија“ нема право самостојно
да приредува електронски игри на среќа во јуни 2023 година како вицепремиер
претседавал со седница на Влада, и покрај тоа што бил свесен дека акционерското
собрание нема надлежност да одлучува за конкретната зделка“, појаснуваат од
Јавното обвинителство. Лотарија ги купила видеоапаратите, но тие никогаш не
биле употребени, велат од обвинителството. Појаснуваат дека правото самостојно
да организира електронски игри на среќа, Државната лотарија го нема од 2013
година.