Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на големото Народно Собрание на Турција Нуман Куртулмуш.
- Остварив средба со Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција.
Ги потврдивме одличните и пријателски односи со Турција. Ја истакнав заложбата да се интензивира економската и културна соработка, како и интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност, посочи премиерот Мицкоски.