Девојка е повредена откако врз неа падна дрво на бул.
„Климент Охридски“ кај Европскиот факултет во Скопје. Инцидентот се случил
предмалку откако силниот ветер го соборил дрвото во моментот кога таа
поминувала на улицата.
Граѓани веднаш притрчале да помогнат. Според очевиците таа
засега е во добра состојба и комуникативна.
Се очекуваат спасувачките екипи да пристигнат на лице место.
Фото Република