Oд
сегашните 50 до 200 евра, за сите кои несовесно исфрлаат ѓубре
отпад на несоодветно место, да може да го запленат и возилото. Но, на овие
предлози сѐ уште се работи, за да можат да бидат преточени во закон,
информираше денеска претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, пред почетокот на
Денеска
пак, стигна информација од „Комунална хигиена“, дека во текот на вчерашниот
ден, нивните екипи расчистиле две диви депонии во скопската општина Ѓорче
Петров.
Интервенирано
е на улиците „Васил Чакаларов“ и „Воин Драшковиќ“, каде што се подигнати и
транспортирани приближно 20 кубни метри непрописно одложен кабаст, мешан
комунален и отпад од картонски пакувања.
Воедно,
отстранети се и седум кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата
„Џон Кенеди“ во општината Чаир, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“,
како и 15 кубни метри градежен и мешан комунален отпад, санитарии и
автомобилски гуми одложени на тревна површина по должина на булеварот „Босна и
Херцеговина“ во скопската општина Бутел.