Кој и колку заработува од трговија со нафтени деривати во Македонија? Многу шпекулации и скандали околу тендерите за оваа дејност наметнуваат лични заклучоци но, бројките на крај се тие кои пресудуваат за одговор на тоа прашање.
ОКТА е предводник во трговијата на големо со нафтени деривати во конкуренција со „Супертрејд“ од Скопје, кавардаречка “Црна река петрол“ и виничкото чудо „Дади Оил“.
„Макпетрол“ е главен во трговијата на мало, а негов најголем конкурент во малопродажба останува да биде „Лукоил“. Но, лидер е „Пуцко петрол“ во бизнисот со нафтени деривати кој лани направи обрт поголем од 4,5 милијарди евра, а приходот надминува 2,3 милијарди евра.
Лани вкупниот увоз на нафтени деривати во земјава надмина 1,4 милијарди тони и порасна за 10 отсто во споредба со 2021 година.
Бизнис порталот Фактор објави и табела:
Македонија, според официјалните податоци, има повеќе од 750.000 возила на моторен погон од кои над 600.000 се автомобили кои се регистрираат во патниот промет. Другото се автобуси, камиони, градежни и специјални машини и моторцикли од најразлични величини.
Голем дел од нашата индустрија користи фосилни горива како погонско гориво за своите производи и услуги, а годинава на сцената стапи и ладната резерва на електросистемот – ТЕЦ Неготино најголемиот потрошувач на мазут во Македонија.
Поранешата скопска рафинерија, а сега најголема компанија за трговија на големо – ОКТА е доминантна на тој сегмент. Нејзиниот приход лани е 800 милиони евра. Тоа е за 18 отсто помалку од претходната година. Според приходите втор е „Макпетрол“ со 492 милиони евра. И кај него има намалување на приходите и тоа е резултат на падот на малопродажните цени на нафтените деривати. Увозникот на големо, скопски „Супертрејд“ е трета најголема компанија исто како и во 2022 година. Наспроти најголемите два пазарни учесници кај него приходот книжи раст во споредба со претходната година. Лани тој достигна 214,5 милиони евра. Во групата најголеми пет се уште македонската филијала на рускиот гигант „Лукоил“ со приход од 144,4 милиони евра и виничкото бизнис чудо „Дади Оил“ (две компании од кои едната е регистрирана за трговија со горива на големо, а другата на мало) кои заедно направија консолидирани приходи од 165,3 милиони евра.
А според остварениот профит врвот во бизнисот има и чуда, како фирмата РКМ на Ратко Капушевски која остварила 885.000 евра профит по вработен! што е реткост дури и во развиените економии на западниот свет. На ова прашање -профит работите стојат вака: