Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети
вчера истакна дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Христијан Мицкоски не го
почитувала легитимитетот на албанските партии на изборите во Македонија.
-Ние ја оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето
незадоволство и револт поврзано со нивната неправедна одлука која не го почитуваше
легитимитетот што го добија ДУИ и Европскиот фронт кои заедно водеа кампања и
заедно славевме победа, рече Ахмети на Генералниот совет на дУИ.
Според него, актуелната власт нема легитимитет и ДУИ ќе се
обврзе да го образложи мислењето дека земјата има иднина и перспектива со
почитување на слободното гласање и легитимитетот.
Според Ахмети, решенијата на Мицкоски не биле праведни и
рече дека државата нема издржани политики со соседите, како со Грците, така со
Бугарите.
-Бројот на граѓани со бугарско државјанство расте секој ден.
Можно е пакетот за членство во ЕУ, ако ние не ги направиме неопходните чекори,
тој пакет и да биде изменет, Албанија да ги отвори преговори за членство во ЕУ,
а ние да останеме назад и Албанија да стане членка, а ние држава со два народа
кои имаат две различни државјанства, рече меѓу другото лидерот на ДУИ.
Новата Влада беше изгласана на 23 јуни со 77 гласа „за“, а
за 13-ти премиер е именуван токму Мицкоски.
Дваесеттата влада од осамостојувањето на државата ја
формираше ВМРО-ДПМНЕ со партнерите – коалицијата ВЛЕН и партијата ЗНАМ. Владата
на Мицкоски има пет потпретседатели со 15 министерства, од кои шест припаднаа
на коалицијата ВЛЕН, а две на партијата ЗНАМ.
ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа на изборите, освојувајќи
58 пратенички места во Собранието. Во блокот албански партии најдобар резултат
имаше „Европскиот фронт“ со 18 мандати