Оваа држава Македонија може да се гради само со соживот и
координација меѓу двата етникума, Албанците и Македонците, инаку, кажувам
Ова синоќа го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на партискиот
собир одржан во Тетово.
Лидерот на интегристите истакна дека сите треба да го штитат
албанскиот јазик.
„Треба да го разгледаат законот за јазик. Да, тој договор
(охридски) беше испран во крв. Америка е жива, ЕУ е жива, и мора заедно да ја
„Нека разберат нашите
македонски сограѓани: нека не ни ги гибаат јазикот и знамето, зашто за знамето
Ова не е првпат Ахмети отворено да се заканува. На свечената
академија одржана во август годинава по повод 23-годишнината од потпишувањето
на Рамковниот договор, лидерот на Али Ахмети рече дека Македонците мора да
соработуваат со Албанците, бидејќи, во спротивно, нема да постојат.
Според премиерот Христијан Мицкоски, пак, токму Али Ахмети е
фактор на нестабилност.
– Се навикнавме
на изјавите на Али Ахмети да биде фактор на нестабилност, со воинствената
реторика да повикува на немири и нестабилност, но тоа што го кажува не мислам
дека може да предизвика нестабилност бидејќи Албанците, но и сите граѓани во
Македонија се свесни за сето она што лично го направи тој и тие неколкумина
околу него во изминатите повеќе од дваесет години додека беа власт – изјави
Мицкоски минатиот месец.