Почитувани сограѓани од католичката вероисповед дозволете ми во мое и во име на Министерството за односи меѓу заедниците да ви ги упатам моите честитки по повод еден од најголемите христијански празници Христовото раѓање – Божиќ, порача во својата празничка честитка потпретседателот и министер во Владата Иван Стоилковиќ.
- Нека овој голем празник ви донесе добро здравје, бериќет, благосостојба и успех во сите предизвици во животот. Ви посакувам незаборавни мигови со вашите најблиски, добра мисла, сплотеност и љубов и нека радоста што ја носи овој празник се всели во вашите срца, нека ви донесе спокој и убави и благородни мисли. Нека добрината и разумот надвладеат над сите нас. Да си подадеме рака затоа што само така, само заедно и само сплотени можеме да постигнеме многу.
Уште еднаш, ви посакувам празничните денови да ги поминете опкружени со вашите најблиски, во топлината на вашите домови во добро здравје и семејна благосостојба, исполнети со духот на празникот, се вели во честитката