СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС имаше низа скандали, како на пример Онкологија каде најранливите беа оставени без соодветна грижа и измамени. СДС имаше низа скандали во здравството со матни тендери, заглавување на штипската болница и уништување на Детската кардиохирургија.
Филипче дозволи изградба на модуларни болници без стандарди, а кога трагично изгореа пациенти, тој ја обвини техничката опрема.
Под водство на Филипче, медицински персонал беше фатен во кражба на цитостатици па беше вратен на работа, а болниците останаа без основни лекови. Македонија стана држава со најголема смртност за коронавирусот, додека апарати не се користеа.
СДС за време на пандемијата наместо транспарентност и решенија, го оптовари здравствениот систем со неефикасни протоколи и сомнителни договори за вакцини.
СДС беа неспособни и неодговорни. СДС го претвори здравствениот систем во поле за лична корист, и ги игнорираше последиците врз животите на граѓаните.
Филипче, како сегашен лидер на СДС, ја симболира онаа неказнивост која беше присутна за нивните 7 години.
Наместо да понесе одговорност, тој остана на врвот на СДС, иако како министер ги загрозуваше животите на граѓаните преку коруптивни набавки.
СДС здравството го претвори во систем каде што имаше ниски плати, недоволна мотивација и отсуство на реформи што придонесе масовно иселување на лекарите и медицинскиот персонал“, велат од партијата и додаваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на враќање на довербата во здравството преку транспарентност и отчетност.
„ВМРО-ДПМНЕ ги става граѓаните на прво место, а активно работи на подобрување на условите за работа на здравствените работници. Владата на ВМРО-ДПМНЕ активно работи на заздравување на здравствениот систем, а пораката е јасна, дека секој кој го злоупотребил здравството ќе биде ставен под лупа на законот. Време е за темелна ревизија и правна одговорност, се вели уште во партиското соопштение.