По примерот на
електричните тротинети, од март идната година во Скопје ќе може да се
изнајмуваат и елктрични автомобили
Писмото за намери
на компанијата Авант кар денеска во Владата беше потпишано со министерот за
животна средина Изет Меџити и министерката за енергетика Сања Божиновска.
Од компанијата
истакнаа дека во земјава веќе се пристигнати стотина електрични возила и за нив
се обезбедени локации, во општините Аеродром, Гази Баба и Чаир.
Од компанијата
најавуваат дека возењето со елекетричните автомобили ќе биде далеку поевтино
отколку граѓаните да се возат со такси. Како пример наведуваат дека со
изнајмено нивно електрично возило, превозот од центарот Скопјке до скопскиот
аеродром би чинело најмногу 15 евра.
Двајцата
мнинистри потенцираа дека со овој вид на транспорт со кој има нула емисии на
загадувачки супстанции, значително ќе се подобри квалитетот на воздухот во
Скопје, бидејќи примерите во Европа каде се користи ваков вид на превоз говорат
дека едно вакво електрично возило заменува 10 други автомобили.