Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија
за енергетика во „Дејли Клик“ на ТВ21 го коментираше зголемувањето на стурјата.
„Одлуката која ја донесовме во петокот, ќе се применувам ов
1. Јули треба да бидеме фер и да каќеме дека има незначителна промена на
цената, 0,4 проценти, што значи за 1000 денари, граѓаните ќе плаќаат 1004
денари, сега ако ме убедува тоа дека е нешто проблематично, тоа не е. Одржавме
ценовна стабилност, да не се влијае на стандардот на граѓаните. Оваа одлука
беше тешко се донесе“, изјави Бислимовски.
Тој кажа дека според стариот Закон, ќе требало да се формира
нова компанија со исти сопственици, и граѓаните ќе требало да добиваат двојни
сметки, но тоа е спречено.
„Во комуникација со ЕВН Хоме, беше одлучено тие 15% да ги
набавува периодично, и тоа кога цената на струјата е 60 евра по мегават час
како што ја понуди и ЕСМ. ЕВН Хоме треба да продолжи да си ја врши дејноста,
ретходниот закон велеше дека мора да се формира нова компанија. Ќе требаше да
се формира ЕВН Хоме 1, и во јули граѓаните ќе требаше да добиваат по две
сметки, една од ЕВН Хоме, а другата ЕВН Хоме 1, и ќе требаше да добијат две
сметки, а немаше потреба“, изјави Бислимовски.