Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со премиерот на Полска, Доналд Туск, со кого разговарале за предизвиците на Европската Унија, украинското прашање и за продлабочена соработка меѓу Полска и Македонија.
„Остварив средба со мојот колега, премиерот на Полска, Доналд Туск. Разговаравме за прашања поврзани со ЕУ, можноста да се одблокираат преговорите со Унијата, како и нашите позиции во однос на таквите напори. Разменивме мислења и за предизвиците со кои се соочува ЕУ, прашањето со Украина, како и за искористувањето на можностите за продлабочена соработка меѓу двете пријателски држави“, објави Мицкоски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.