Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Тони Цетински се соочува со затворска казна, може да добие 8 години затвор

21 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Како што пренесува и „Имеријал“, заменик-обвинителот Вјекослав Шаулиќ на 28 декември 2023 година до Жупанискиот суд во Загреб испратил обвинение против 18 лица, меѓу кои и за познатиот пејач.

Тони Цетински е обвинет дека платил за да добие лажни сертификати за вакцинација против коронавирусот, за што наводно му помогнала медицинска сестра.

- Кој нуди или вети поткуп на службено или одговорно лице за да изврши службено или друго дејствие што не треба да го изврши во или надвор од границите на неговите овластувања, или да не изврши службено или друго дејствие што треба да го изврши или кој посредува ваков поткуп на службено или одговорни лица, ќе се казни со затворска казна од една до осум години - се наведува во дописот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ