Актерката Слобода Миќаловиќ на 25 ноември на паркингот во Земун се судрила со непозната жена, а целиот настан го пријавила во полиција.
Во Ургентниот центар и биле констатирани полесни физички повреди, а синоќа првпат настапила по инцидентот.
Слобода Миќаловиќ на својот Инстаграм профил сподели видео во кое таа и нејзиниот колега Вук Костиќ се поклонуваат на публиката по претставата.
Како што можете да видите од приложеното, Слобода сега се чувствува добро и се опоравила од стресот кој го доживеала, а има и насмевка на нејзиното лице.
Миќаловиќ претставата ја играше во Германија и нема сомнеж дека враќањето на актерството ја исполни со позитивна енергија.
Инаку, Слобода зборуваше за споменатиот инцидент и рече дека има видео на кое се гледа што се случило, а таа не удрила во автомобилот на С.Д. која потоа ја извлекла од возилото и ја претепала.
Да потсетиме, С.Д. која нападна Миќаловиќ и се заканува затворска казна од три месеци до три години.