Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Лејди Гага за прв пат покажа како изгледа без шминка, фановите воодушевени (ВИДЕО)

3 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лејди Гага, со вистинско име Стефани Џоан Анџелина Германота, неодамна се здружи со канадската Sephora и сними видео за нивниот профил на TikTok, во кое презентираше дел од производите на нејзината козметичка линија Haus Labs. Во тоа видео пејачката го покажа своето лице без шминка, што воодушеви многу обожаватели. Сепак, некои истакнаа дека немаше да ја препознаат доколку на почетокот не го кажеше своето име.

Во видеото на Sephora, Лејди Гага покажа комплетен нашминкан изглед, идеален за различни пригоди. Прво, таа ја нанесе течната основа. „Веднаш можете да видите како го неутрализира црвенилото“, ја опишала таа пудрата. Потоа посегна по коректор, кој го нанесе на темните кругови, исто така со четка.

После тоа, таа се префрли на образите и истакна дека сака да меша две руменила на нејзиниот бренд. „Мислам дека тоа е убава комбинација. На усните нанесе балсам со сјајно руменило Rosette и заврши со препознатлива црна сенка за очи и маскара. Се надевам дека ќе ви се допадне мојата шминка“, заклучува таа во видеото.

Видеото собра два милиони прегледи и тони коментари - од оние кои не можеа да поверуваат дека тоа е Лејди Гага, до оние кои го пофалија нејзиниот изглед и без шминка и со неа.

„Само што сфатив дека навистина не знам како изгледа Лејди Гага“, „Да не речеше дека си ти, никогаш немаше да верувам дека си ти“, „Едвај ја препознав“, „Јас не ја препознав“, „Колку убаво изгледа без шминка“, „Малку личи на Шер“, „Таа е толку убава“, „Таа е толку убава без сите дополнителни работи“, „Убава е со и без шминка“.

Додека некои ги пофалија производите на нејзиниот бренд, други истакнаа дека ги купиле откако го погледнале видеото.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ