Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Славните се собраа на забава на „Фондацијата Клуни“, Џорџ ги фотографираше (ФОТО)

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Од 2016 година тие собираат познати личности и се борат за правда и подигање на свеста за важни каузи. Така оваа година на нивниот настан „The Albies“ дојдоа многу познати имиња.

Настанот организиран од Фондацијата Клуни за правда во Јавната библиотека во Њујорк се одржа во чест на храбрите бранители на правдата. Именуван по судијата Алби Сакс, „Албиите“ ги слават неговите херојски напори да стави крај на апартхејдот.

Посебно внимание привлече актерката Кејт Бланшет која дојде со синот Дашиел Џон Аптон. Облечена целосно во црно, таа заслепуваше во кожени панталони и проѕирна маица со мониста. Понежната шминка беше вистински контраст, а актерката како и секогаш беше на висина на задачата.

Донатела Версаче за настанот избра жолт фустан со изразен корсет и прерамки кои паѓаат на рамениците, додека Емили Блант се одлучи за фустан кој целосно ѝ го отвори вратот.

Сопругата на Стинг, Труди Стајлер, носеше блуза од Версаче, а здолништето во светли бои беше повеќе од забележливо. Во тонови на црна и жолта, таа беше модерно компатибилна со нејзиниот сопруг, кој ја придружуваше во црна јакна и панталони, со необичен, оригинален свечен шал.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ