Како што пренесува „Дејли мејл“, пејачката официјално се разведе денеска, 2 декември, на нејзиниот 43-ти роденден.
Да потсетиме, Сем Асгари, кој ѝ беше личен тренер на Бритни Спирс, поднесе барање за развод во август 2023 година, а бракот со пејачката го остави без ништо во џеб затоа што потпиша „железен“ предбрачен договор во нејзина корист.
Спирс и Асгари се запознале на снимањето на нејзиниот спот „Slumber Party“ во октомври 2016 година, а се вериле во септември 2021 година.
Откако судијата во Лос Анџелес стави крај на тринаесетгодишната условна казна на Спирс во ноември 2021 година, пејачката се омажи во нејзиниот дом во јуни 2022 година пред познатите гости, меѓу кои Мадона, Парис Хилтон, Дру Баримор и Селена Гомез.
Инаку, Сем Асгари беше трет сопруг на познатата пејачка.
Спирс претходно двапати се омажила, кога неславно побегнала со нејзиниот пријател од детството Џејсон Александар во јануари 2004 година за време на пијана ноќ во Лас Вегас, за да се поништи бракот 55 часа подоцна.
Спирс повторно му кажа „да“ на поранешниот резервен танчер од нејзината придружба - Кевин Федерлајн, по бурна романса. Двајцата имаат два сина, Шон Престон и Џејден Џејмс, пред да се разведат во јули 2007 година.