Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Сандра Булок има 60 години и еве како изгледа одблизу!

16 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Актерката Сандра Булок видно го промени својот физички изглед бидејќи во споредба со фотографиите од пред две-три децении е значително поразлична. Затоа, не е ни чудо што често можат да се слушнат коментари дека изгледа како порцеланска кукла бидејќи нејзиното лице е неверојатно затегнато, а за очигледната промена сведочат и видеата од последните неколку настани на кои се појави.

Инаку, Сандра Булок има 60 години, но ретко кој би ѝ ја дал таа возраст. Многумина дури тврдат дека таа изгледа барем две децении помладо.

Таа никогаш не говореше јавно за нејзините потенцијални естетски интервенции, но оваа година беше фотографирана со нејзината пријателка и колешка Џенифер Анистон како излегуваат од престижна клиника за пластична хирургија во Гринич. Станува збор за болница која нуди низа хируршки зафати како што се затегнување на лице, подигнување на веѓи и очи, како и ботокс. Двете актерки беа видени како ја напуштаат ординацијата на д-р Нил А. Гордон, пластичен и реконструктивен хирург на лице специјализиран за подмладување и ринопластика.

Иако Булок не сака да зборува за тоа дали има правено нешто на себе, во една видео снимка на „Јутуб“, пластичниот хирург д-р Гери Линков ја процени нејзината трансформација од 90-тите до денес, анализирајќи ги сите потенцијални промени на нејзиното лице.

Сандра Булок има остри црти на лицето и јаки мускули, па Линков проценува дека направила ботокс врз основа на фотографии од 2000-тите.

- Козметички, вилицата ѝ е малку позаоблена во долниот дел од лицето. На некои многу им се допаѓа тоа, а други сакаат да го променат истото, на пример, користат ботокс кој може да го промени мускулот и со тоа да ја преобликуваат долната вилица - објасни Линков.

Тој рече оти верува дека Сандра практикува „одлична нега на кожата, добро се храни и вежба“, што се рефлектира на нејзиниот блескав тен.

- Мислам дека Сандра ги комбинира овие нехируршки модалитети, се разбира со употреба на ботокс и филери за да создаде младешки изглед на нејзини години. Не гледам очигледни знаци на пластична хирургија на лицето – истакна тој, со што запрепасти многумина.

Инаку, најзабележителна промена кај Сандра е нејзиниот нос, па може да претпоставиме дека единствено него го оперирала. Таа интервенција, сепак, не спаѓа во операции за подмладување.

Изгледот на Сандра Булок повторно стана тема број еден во вестите за светскиот џет-сет, откако таа се појави на настан на 9. октомври со нејзиниот колега, холивудскиот срцекршач Кијану Ривс. Станува збор за настан по повод најновата прослава на 30-годишнината од  првото прикажување на филмот „Брзина“ во кој споменатата двојка се појави далечната 1994 година.

- Тогаш и сега! Кијану Ривс и Сандра Булок спремни за сообраќајниот шпиц.

Специјалната проекција во Лос Анџелес беше дел од Beyond Fest во Американската кинотека - објави магазинот People со фотографии од актерите од пред три децении и денес.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ