Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Рита Ора се расплака среде концерт поради смртта на Лијам: Не можам да пејам (ВИДЕО)

17 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Да потсетиме, музичарот почина вчера откако паднал од балкон на хотел во Буенос Аирес. На концертот пејачката почнала да го пее нивниот дует, а нивната заедничка фотографија се појавила на екранот на сцената.

„Не можам ни да пеам во моментов“, рече таа, а потоа седна на сцената и ја држеше главата додека публиката ја пееше песната.

Инаку, Ора на социјалните мрежи се прости од својот колега кому му посвети трогателна објава заедно со нивната заедничка фотографија.

„Уништена сум. Тој беше добра душа, никогаш нема да го заборавам. Толку многу сакав да работам со него - ми беше задоволство да бидам со него на сцената и надвор од неа. Оваа трагична вест ми го крши срцето. Ја испраќам сета моја љубов и молитви до неговото семејство и најблиските. Нашата песна за тебе добива сосема ново значење за мене. R.I.P“, напиша пејачката.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ